СЕХА лигата се збогува со еден од најдобрите стрелци во историјата на ова натпреварување. Се работи за Даинис Кристопанс кој со три различни екипи играше во СЕХА-лигата, но само со една успеа да освои два трофеи, тоа е нашиот Вардар. Летонскиот Џин настапуваше и за екипите на Татран Прешов и Брест Мешков и во сите три екипи успеа да запишпе вкупно 655 погодоци.
За Вардар одигра нецели три сезони, освои една Европска титула и постигна 190 голови во Лигата на Шампионите. Од СЕХА-лигата направија посебно видео за Кристопанс.