Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лекиќ: Ако не се распаднеше Вардар и ден денес би играла таму!!
Лекиќ: Ако не се распаднеше Вардар и ден денес би играла таму!!

Лекиќ: Ако не се распаднеше Вардар и ден денес би играла таму!!

Андреа Лекиќ e најдобрата ракометарка што го носела ,,црвено – црниот” дрес во досегашната историја на клубот. Средниот бек мина пет сезони во дресот на Вардар, а освои и низа на трофеи. Лекиќ во интервју за „Брз Центар“, вели дека доколку не се распаднел Вардар и ден денес би играла тука.

„Многу тешко ми паднаа поразите на Вардар од Ѓер во финалињата 2017 и 2018 година. Многу посакував да ја освојам титулата во ЛШ со екипата на Вардар. Ако не се распаднеше Вардар, веројатно и ден денес би играла таму. Се чувствував како дома, Македонија е слична на Србија. Таму ракометот е спорт број 1“, вели Лекиќ во интервју за рускиот „Брз Центар“.

Андреа Лекиќ во новата сезона ќе биде дел од Будуќност.