Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите за младинските машки и женски екипи на Вардар
Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите за младинските машки и женски екипи на  Вардар

Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите за младинските машки и женски екипи на Вардар

Претстојниов викенд продолжуват натпреварите за младинските ракометни екипи на Вардар во лигата каде настапуваат.

Женски екипи: Младинките на Вардар ќе го одиграат четвртото коло, а противник ќе им биде екипата на Ѓорче. Натпреварот е закажан за во недела со почеток од 19 часот во Ѓорче. Младинките на Вардар имаат два порази ( од Вардар Јуниор и Металург) и една победа ( во дуелот со Кичево). Во ова коло слободна е екипата на Вардар Јуниор, која има три победи од исто толку одиграни мечеви во лигата.

Кадетките имаат четири победи и еден нерешен резултат, а во недела ќе го одиграат последното шестто коло од есенскиот дел на сезоната. Противник ќе ни биде екипата на Бошески Спорт, меч кој ќе се одигра на Кале во недела со почеток од 18:30 часот.

Своето второ коло ќе го одиграат и пионерките на Вардар, кои гостуваат на екипата на Кожувчанка. Тие ќе играат во понеделник 6, ноември со почеток во 18-00 во Штип во салата при О.У “Тошо Арсов“.

Mашки екипи: Своето трето коло во младинската лига и тоа во групата 1 ќе го одигра Вардар, кој во недела од 19 часот гостува на екипата на Прилеп. Оваа младинска екипа на Вардар во првото коло беше слободна, додека во второто коло славеше против КЛ-7 Струга. Својот натпревар од третото коло во групата 2, Вардар Јуниор ќе го одигра во среда, на гостински терен против екипата на Риниа М.

Кадетите на Вардар кои стартуваа со победа во гости кај РК Шампион ќе го одиграат второто коло. Момците на Будимир кој се впрочем пионери, но играат во повозрасна лига  ќе играат во вторник, на 7-ми ноември против екипата на РК Ѓорче. Овој дуел го играат во гости со почеток во 17-00 часот.