Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Висок пораз во финалето, пионерите на РК Вардар го освоија второто место на “Трофеј Белград„
Висок пораз во финалето, пионерите на РК Вардар го освоија второто место на “Трофеј Белград„

Висок пораз во финалето, пионерите на РК Вардар го освоија второто место на “Трофеј Белград„

Во нерамноправно машко финале, пионерите на РК Вардар убедливо загубија во дуелот со екипата на Студентски Град и на тој начин се закитија со сребрениот медал на турнирот.

Лошо го одигравме финалето и дозволивме да загубиме со двоцифрена разлика. Многу промашени удари и технички грешки, како и двоцифрен број на одбранети удари на противникиот голман ни пресудија во борбата за трофејот. Иако успеавме да го отвориме резултатот, сепак Студентски Град се покажа како многу посилен противник. Последното израмнување беше при резултат 2:2, кога му дозволивме на тимот од Србија да направи серија од 1:7 и да поведе со 3:9. До крајот на првиот дел, противничката екипа успеа да се стекне со позитива од седум голови (4:11).

Не одеа добро работите ниту во второто полувреме, кога продолжи серијата на противникот кој стигна до двоцифрена предност од 4:15. Лошата серија ја прекина Матеј Трајановски кој го намали резултатот на 5:15. Рутинско второ полувреме за тимот на Студентски Град кој благодарение на големата предност играше комотно. Се повеќе растеше негативата за вардарци, кои не се пронајдоа во ова финале. На крајот голема победа за србите со резултат 10:22.

Сепак одличен успех за пионерите на РК Вардар, кои во конкуренција на 20 екипи на крајот го освоија второто место. Ова беше прв пораз на турнирот, а претходно остваривме пет победи.