Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рутинска победа за РК Вардар на гостувањето во Радовиш
Рутинска победа за РК Вардар на гостувањето во Радовиш

Рутинска победа за РК Вардар на гостувањето во Радовиш

Екипата на РК Вардар 1961 стигна до својата 12.победа во рамките на домашната Супер Лига. Вечерва црвено-црните гостуваа кај екипата на Радовиш, противник кој го совладаа убедливо со резултат 20:37.

Вардар стигна до рутинска победа, речиси со половина сили успеавме да освоиме нови бодови. На денешниот натпревар шанса добија и младите играчи, како Стефан Атанасовски, Мартин Карапалевски, Стефан Крстевски, Ален Ќосевски и Марко Мишевски. Екипата на Радовиш одржуваше резултатска рамнотежа само во првите 30 минути, кога предноста на Вардар беше само три гола разлика (11:14).

Во второто полувреме, Вујовиќ не тактизираше со составот, па до израз дојде на крајот и убедливата победа. Во вториот дел направивме серија од неколку погодоци, со што се одлепивме на двоцифрена предност. Како течеше натпреварот, се повеќе се зголемуваше разликата, за на крајот да достигне и 17 голови позитива во наша корист.

Анте Гаџа се врати на терените и денешниот натпревар го заврши како најефикасен со 7 постигнати голови, Тимур Дибиров имаше 6, додека Филип Талески 5 голови. Во редовите на Вардар се истакна и средниот бек, Стефан Крстевски кој додаде 4 голови, додека 3 имаше десното крило, Ален Ќосевски.