Ракометарите на Вардар стигнаа и до својата 14.последователна победа и на тој начин со максимален број на освоени бодови го завршија регуларниот дел од сезоната во својата група. Вечерва избраниците на Владо Недановски славеа на гостувањето кај екипата на Струга со резултат 23:34.
Уште во првите пет минути од натпреварот, Вардар се одлепи резултатски кога поведе со 1:5, па беше јасно во кој правец ќе се движи натпреварот. Домашниот тим на моменти намалуваше на три гола разлика, но сепак црвено-црните на полувреме заминаа со солидна предност од 1о:16.
На самиот старт на вториот дел поведовме и со 10:18 и може да се каже дека со половина сили го игравме и овој дел од натпреварот. На крајот беше само прашање со колкава разлика ќе заврши натреварот, Вардар славеше со двоцифрена разлика и стигна до 14.последователна победа во лигата.
Талески, Манасков, Моралес и Чувара постигнаа по 5 гола. Вардар во плеј-офот ќе пренесе три бода.