Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар минимално поразен од Чаир, поради подобар меѓусебен дуел остануваме лидери
ЖРК Вардар минимално поразен од Чаир, поради подобар меѓусебен дуел остануваме лидери

ЖРК Вардар минимално поразен од Чаир, поради подобар меѓусебен дуел остануваме лидери

ЖРК Вардар, вчера во заостанат дуел од 10.коло гостуваше кај тимот на Чаир, на оваа средба бевме минимално поразени со резултат 27-26. Успеавме поразот да биде помал од нашата победа над истиот тим па при ситуација на исто бодови која е се поверојатна ние како први на табелата ќе патуваме во плеј-офот.

Дуелот започна со по два гола во двете мрежи за почетни  2-2, потоа следеа минути на вардарки кој се одлепија на плус четири при резултат 6-10. Домаќинот до крајот на првиот дел делумно успеа да ја намали нашата разлика, тие ја преполовија на половина и заминаа на одмор со два негатива. За време на паузата беше 13-15 за црвено-црниот состав.

Вториот дел започна со наше водство и одржување на разликата од два гола се до 19-19, момент кога домаќинот прв пат изедначи по резултатот 2-2 во воведните моменти на натпреварот. Чаир направи пресврт и поведе со 24-22, од тој момент до крајот ја напаѓавме нивната предност, но не успеавме ние да вратиме со пресврт, поразени бевме со еден гол, 27-26.

Кај нас се истакна Сара Стефаноска со 12 гола, младата ракометарка е во топ форма во овој дел од сезоната. Трпевска Ивона на оваа средба постигна 5.гола. На голот Илиќ успеа да биде двоцифрена, таа сопре 16.удари на ривалот.