Продолжува серијата на победи за екипата на РК Вардар, која вечерва во С.Ц. Јане Сандански ја совлада екипата на Динамо Панчево, која е дебитант во СЕХА-лигата. Црвено-црните триумфираа убедливо со резултат 42:32, а противникот пружи отпор само во првото полувреме. По завршување на дуелот, на прес-конференцијата пред медиумите своите впечатоци од победата ги искажа тренерот на Вардар, Раул Гонзалес кој го изјави следново:
-Сакам да им честитам на нашите денешни ривали, зашто Динамо играше добро. Ние имавме многу проблеми, во првото полувреме и не игравме добро. Не се чувствуваме добро, и кога игравме 5-1 одбрана со Кањељас напред. Немавме голема разлика, а Динамо играше добро. Во второто полувреме малку подобро игравме. Динамо до крај беа малку уморни и ние ја искористивме шансата. До крај требаше да биде 3-4 гола разлика, а не вака високо.
Шанса на овој натпревар доби и Јана Војводиќ.
-Беше донамичен меч и интересен за гледање. Публиката можеше да гледа квалитетен меч, Ние треба да се свртиме на следниот меч со Рајн Некар. Драго ми е што Србија има ваков клуб како Динамо каде постои систем.