Марко Вујин e најновото засилување на РК Вардар по Гаџа и Векиќ. Двете страни се договориле на едногодишна соработка, па така во следниот период очекуваме и официјална потврда од Михајловски за овој трансфер.
Марко Вујин е доста добро познато име на ракометната јавност во нашата земја. Се работи за искусен десен бек, кој во минатото беше дел од славниот Кил, а последен клуб му e Спортинг Лисабон.
Вујин ќе ја пополнува десната бековска линија, а младите Јосип Векиќ и Томислав Јагуриновски ќе треба да учат од него.
Со Вујин, Вардар ја комплетира десната бековска линија. Останува уште дефинирање на позицијата среден бек, каде ќе се носи нов ракометар, а во игра се неколку звучни имиња.