РК Вардар продолжува со потпишување на нови договори со младите ракометари на тимот. По Кизиќ, Карапалевски, Атанасовски.. управата на ,,црвено – црните” го продолжи и договорот на левото крило Димитар Димитриоски.
Димитриоски и во следните две натпреварувачки сезони ќе биде дел од Европскиот шампион, каде ќе настапува во друштво со Тимур Дибиров на левата крилна позиција.
Соработката со Вардар ја продолжија и Ристовски, Мишевски, Атанасовски, Гашовски, Крстевски, Кизиќ, Карапалевски, Дисингер, Чупиќ, Калараш, Стоилов и Дибиров.
Кантегрел, Талески, Георгиевски, Гаџа, Векиќ и Јагуриновски се нови ракометари на клубот.