Monday ,02 December 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујовиќ: Одиме да се надигруваме на „Хумел Купот“ и истиот да го освоиме
Вујовиќ: Одиме да се надигруваме на „Хумел Купот“ и истиот да го освоиме

Вујовиќ: Одиме да се надигруваме на „Хумел Купот“ и истиот да го освоиме

Вчера, ракометниот клуб Вардар одржа прес-конференција на која претставија новитети во клубот. Една од нив беше промоцијата на нови дресови, како и претставувањето на Едурдо Гурбиндо.

Пред медиумите се обрати и претседателот на клубот, господинот Михајло Михајловски, како и тренерот Веселин Вујовиќ.

Вујовиќ ги искажа впечатоците од подготвителниот период, и очекувањата за следните натпревари кои му претстојат на Вардар.

-Натпреварите во Супер Купот и турнирот во Струга дојдоа малку рано од предвиденото, како и натпреварите со Загреб во рамките на 1/4 финалето во СЕХА-лигата. Сметам дека најподготвени треба да бидеме на стартот од новата сезона во Лигата на Шампионите. Натпреварот во Супер Купот против Еурофарм Пелистер го игравме со состав со кој би требало да настапиме во македонската лига, со играчи кои имаа право според прописот кој не е до крај дефиниран. Се надевам дека истиот во продолжение ќе претрпи промени и луѓето од федерацијата ќе работат во интерес на клубовите.

Гурбиндо се приклучи последен на тимот и имаше можност да игра на последните два натпревари на турнирот во Струга. Во наредниве денови се очекува екипата да биде комплетирана за десниот бек, Давид Савревски, кој со младата репрезентација го освои второто место на ЕХФ Шампионатот во СКопје.

-Што се однесува до екипата, последен кој се приклучи е Гурбиндо, кој на Олимиписките игри освои медал со репрезентацијата на Шпанија. Тоа и за Вардар и за мене како тренер претставува голема чест. Единствен кој ни недостасува е Савревски кој беше дел од младинската репрезентација на ЕХФ Шампионатот во Скопје. Тој ќе се приклучи наредниве денови, му оставив простор да се одмори бидејќи имаше подготовки како и настапи за младата репрезентација.

Следен предвизик за Вардар ќе биде „Хумел Купот“ во Магдебург. Вујо истакна дека Вардар ќе оди да се надигрува и ако може да го освои истиот.

-Одиме на турнирот во Магдебург во најсилен состав, каде ќе се обидеме да го освоиме турнирот. Магдебург е фаворит како домаќин, тим кој во бундеслигата има забележителна улога. 

Првите позначајни натпревари на стартот од сезоната ќе биде секако 1/4 финалниот двомеч од СЕХА лигата против тимот на Загреб.

-Ни претстојат и натпревари со екипата на ППД Загреб. За прв пат во историјата на СЕХА-лигата, еден од Вардар и Загреб нема да бидат во можност да играат на завршниот турнир. Имаме 120 минути да покажеме во каква форма се наоѓаме и каков трансфер период сме имале, истакна Вујовиќ пред медиумите.