Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Со победа над Деспина, ЖРК Вардар е во финалето на „Ѓорче Купот“
Со победа над Деспина, ЖРК Вардар е во финалето на „Ѓорче Купот“

Со победа над Деспина, ЖРК Вардар е во финалето на „Ѓорче Купот“

Денес, ЖРК Вардар го игра 2.коло во групната фаза на меѓународниот турнир „Ѓорче Куп 2021“. Вчера тргнавме со победа над српскиот шампион РК Јагодина (25-24), па денес ни треба победа за пласман во финалето на турнирот.

Противник ни е тимот на ЖРК Деспина од Прилеп, овој натпревар е закажан со почеток во 21-00 часот. Како и вчерашниот така и денешниот  ќе се одигра на отворениот терен „Камин Кама“ во Скопје.  Доколку дојдеме до победа ќе бидеме првопласирани во групата-2 и ќе играме во мечот за пехар на овој турнир.