Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борозан заврши како втор стрелец, Кире како прв во квалификациите за ЕП
Борозан заврши како втор стрелец, Кире како прв во квалификациите за ЕП

Борозан заврши како втор стрелец, Кире како прв во квалификациите за ЕП

Зад нас се веќе квалификациите за Европското првенство во Хрватска идното зимо. Македонија предводена од Гонзалес Раул се пласираше како прва од својта група. На листата на стрелци по завршените шест квалификациски круга на второ место се најде играч на РК Вардар.

Црногорскиот репрезентативец и “бисер“ на црвено-црните кои потпиша уште четири години договор, Вуко Борозан заврши на втората позиција на листата за најстрелци во квалификациите. Нашиот расен бек впиша зад своето име 50 голови, тој има 9 гола повеќе од треттопласираниот Дамјан Кеѕиора кој има 41 погодок. На врвот на листата на стрелците е капитенот на црвено-жолтите, Кирил Лазаров. Македонскиот лидер заврши како број еден стрелец со постигнати 59 погодоци.