Ракометарите и управата на РК Вардар треба да бидат среќни што ги имаат најверните навивачи во ракометна Европа.
За неполн еден ден се продаде целиот капацитет на СЦ. ,,Јане Сандански”, па така Вардар ќе има огромна поддршка идниот четврток (25 април) каде ќе бара што е можно поголема победа пред реваншот кој следи по седум дена во Унгарија.
Инаку, Вардар ќе пушти нови билети овој пат за стоење. По која цена и од кога, останува да сочекаме официјални информации од клубот.