Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Приоритетната продажба на карти за Веспрем е започната, регуларната стартува на 14 април
Приоритетната продажба на карти за Веспрем е започната, регуларната стартува на 14 април

Приоритетната продажба на карти за Веспрем е започната, регуларната стартува на 14 април

Црвено-црните по исфрлањето на полски Висла Плоцк за своја последна пречка до остварувањето на сонот, односно пласман во завршниот Ф-4 турнир во Келн ја добија екипата на Веспрем. Несомнено е дека за овој меч ќе биде голема побарувачката од билети, бидејќи илјадници наши сограѓани сакаат да се дел од овој спектакуларен меч со една исклучително силна екипа како Веспрем. Почната е веќе продажбата на една група карти, за деталите  за истите и за следните продажби клубот излезе со соопштение во кое се вели:

Вардар ги известува своите најверни навивачи дека почна приоритетната продажба на билети за натпреварот против Веспрем, во четвртфиналето од ЕХФ Лигата на шампионите. Приоритетната продажба ќе трае до 13 април (среда), а право на неа ќе имаат сите оние кои ги замениле своите сезонски билети за осминафиналниот натпревар против Висла Плоцк, во претходното коло. Приоритетната продажба ќе се врши само на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“, секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот. Регуларната продажба на билети почнува на 14 април.

Цените за овој натпревар ќе бидат:

- Стоење 200 МКД
- Блок А1/Б1 – 350 МКД
- Зад гол – 350 МКД
- Централни трибини – 450 МКД
- ВИП Зони – 800 МКД
- ВИП Соби – 1500 МКД