Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Жрк Вардар Јуниор гостува кај Пелистер во Битола
Жрк Вардар Јуниор гостува кај Пелистер во Битола

Жрк Вардар Јуниор гостува кај Пелистер во Битола

Екипата предводена од Симе Симовски по изненадувачкиот пораз на домашен терен од екипата на Жрк Металург во минатонеделниот дерби меч кој се одигра во малата сала при спортскиот центар “Јане Сандански“ своите “рани ќе ги лечи“ во Битола овој викенд. Во 12 рунда за нас во женската супер лига гостуваме кај екипата на ЖРК Пелистер.

Овој меч ќе се одигра во спорската сала “Младост“ и е закажан за во сабота на 9-ти април, а саатницата дополнително ќе се договори. Во првиот меч кој се одигра 17-ти ноември ние како домаќини бевме убедливи со резултат 32-20.  Воедно ова коло 12 за црвено-црните девојки од Вардар јуниор е последно во регуларниот дел од сезоната во единствената ракометна женска лига во земјата-Супер лигата. По завршувањето на регуларниот дел ќе се одигра плеј-офф во кој ќе се приклучи и нашата прва екипа Жрк Вардар предводена од тренерскиот двоец Кастатовиќ-Камара. Нашите девојки сега се на делба на првата позиција со екипата на Металург со по 30 бода, а пак “зелено-белите“ се петтопласирана екипа во лигата со 17 бода помалку од нас односно имаат 13 бода по досегашните 11 одиграни меча во Супер лигата.