Викендов започнуваат и младите екипи на Вардар во пионерска машка и женска конкуренција, и во кадетска женска. Викендов сите екипи ќе одиграат на гостински терен.
Во машка конкуренција во рамките од Група 1, пионерите ќе гостуваат во Тетово кај Кромак, овој натпревар ќе биде одигран утре со почеток во 11 часот. Пионерите на Вардар во моментов се на втората позиција на табелата.
Кај девојките кадетките на Вардар ќе одиграат два натпревари во Неготино. Напрвин својот натпревар ќе го одигра Вардар, a потоа и Вардар СЦЈС.
Во групата 2, девојките од Вардар СЦЈС гостуваат во Струга кај Стружанка утре од 12 часот и 30 минути.