Под слоганот „Нема правда, има златна бубамара“ вчера во спортската арена „Борис Трајковски” се оддржа 23-тата Златна бубамара на популарноста. Оваа година се доделија 27 награди во повеќе категории на речиси 4-часовна забава со повеќе од сто учесници.
Меѓу многуте награди за најголем спортски успех, Златната Бубамара повторно заврши во рацете на Европскиот шампион Вардар.
Додека „Некст тајм“ ја пееја „Ја излези Ѓурѓо” коментаторите на „Арена спорт“ Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ ги повикаа европските шампиони да ја примат наградата.
Премиерната тв-снимка од „Златната бубамара на популарноста” ќе се емитува в недела на Kанал 5 со почеток од 20 часот.