Friday ,11 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Зоран Петковски-Зенга после 25 години се “раздели“ со РК Вардар
Зоран Петковски-Зенга после 25 години се “раздели“ со РК Вардар

Зоран Петковски-Зенга после 25 години се “раздели“ со РК Вардар

Зоран Петковски-Зенга после 25 години поминати во РК Вардар, го напушта клубот и повеќе нема да биде дел од црвено-црното семејство.

Љубителите на ракометот и спортот во Македонија го познаваат човекот, кој настапуваше во Вардар и како играч и како тренер.

Како играч, Зоран Петковски, во два наврати го бранеше голот на Вардар, во периодот од 1990-1993 и од 1999-2007 година. Тренерската кариера ја започна токму во Вардар, каде неколку пати успеваше со младинските екипи на клубот да стане Шампион на Македонија. Популарниот Зенга исто така беше дел и од стручниот штаб на првиот тим, а успеа со Вардар 2 да го освои првото место во првата ракометна лига и да избори пласман во најсилната Супер Лига, но тогаш „политиката“ на клубот беше дека не може три екипи на Вардар да се натпреваруваат во Супер Лигата.

286

Во времето кога Веселин Вујовиќ беше шеф на стручниот штаб, Зоран Петковски, беше и тренер на гоманите. Во 2014 година беше дел и од стручниот штаб на сениорската репрезентација на Македонија, исто така како тренер на голмани за време на СП во Шпанија. Истата година ги предводеше и младинците на нашата земја, каде во конкуренција на Грција, Исланд и Италија, успеавме да избориме пласман на ЕП кое се одржуваше во Австрија.

Изминатата сезона беше предводник на кадетската екипа на РК Вардар, со која успеа да се пласира во 1/4 финалето.

Нашата редакција во изминативе десет година имаше беспрекорна комуникација и соработка со ракометната легенда на Вардар. Му се заблагодаруваме со соработката и му посакуваме многу успеси во понатамошната кариера, се надеваме дека еден ден пак ќе се врати таму и каде што припаѓа, во Вардар.