Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Македонија совладана од Ц.Гора, вардарки меѓу најефикасните
Македонија совладана од Ц.Гора, вардарки меѓу најефикасните

Македонија совладана од Ц.Гора, вардарки меѓу најефикасните

Женската младинска репрезентација на Македонија, вчера го започна со   пораз на Европското првенство. Бевме совладани  од Црна Гора, поразот дојде со резултат 33-29.

На одмор се замина по 30.минути ракомет со негатива од 19-16 за црвено-жолтите. Во оваа средба имавме подеми и падови, бевме блиску и до позитивен резултат сепак бевме на поразени со 33-29. Вардарката Сара Стефаноска заедно со Јанкуловска беа први стрелци тие  дадоа по шест гола, по четири имаа Дукоска и Борјана Коцева.

Денес во  16:30 часот не очекува  дуел со фаворитот Данска.