Генерацијата 2004 на ракометниот клуб Вардар денес го имаше првиот собир после долгата пауза. Предводник на екипата останува Зоран Петковски-Зенга кој денес во малата сала на СЦ.Јане Сандански го одработи првиот тренинг.
Составот е ист од минатата сезоната, а на денешниот прв собир не се појавија само Виктор Трифуновски и Никола Анакиевски. Со оглед дека се работи за играчи кои доаѓаат од други градови, истите ќе пристигнат од понеделник, кога младите надежи на РК Вардар ќе продолжат со подготовките. Во новата сезона оваа генерација ќе се натпреварува во пионерска и младинска лига.
Денес, тренингот помина исклучително во физичка подготовка на екипата, а нашиот медиум кој и во новата сезона ќе ги прати активно сите млади категории во Вардар, беше присутен на првиот тренинг од кој ви носи неколку фотографии.