По огромна пауза, над четири и пол месеци, Александар Царчев одржа голмански тренинг во СЦ “Јане Сандански” во Скопје. Конечно повторно, по паузата заради пандемијата имаше голмански џагор, напорна работа, конечно неговите пуленки застанаа помеѓу стативите.
Со голема радост тренингот го одработија голманките на Вардар, Трајкоска Јована, Грујовска Симона и Илиќ Андреа. Тие покажаа жед за работа и одлични перформанси. Гостин беше на истиот поранешниот член на ЖРК Вардар, репрезентативката Драгана Петковска. Таа исто така е производ на Царчев. Врвниот тренер во негов стил им наметна одлично темпо и одработи прекрасен тренинг.