Репрезентација на Хрватска забележа значајна победа во борба за 1/2 финалето на ЕП, вчера домаќинот ја победи Норвешка со четири голови разлика 32:28.
На овој натпревар блесна Иван Стевановиќ голманот на Хрватска кој имаше 14 успешни одбрани неколку клучни кога се кршеше резултатот. На овој меч вообичаено настапија триото вардарци Циндриќ, Карачиќ и Чупиќ. Циндриќ постигна пет погодоци и беше втор најдобар стрелец на својата екипа, Чупиќ реализираше на три наврати, додека пак Карачиќ погоди еднаш во мрежата на противниците. Со оваа победа сега Хрватска е многу поблиску до 1/2 финалето.
На другиот натпревар пак, Франција славеше лесна победа против Шведска издвојувана со резултат 23-17. Французите на овој натпревар одиграа одлична одбрана што говори и податокот дека примија само 17 погодоци за 60 минути.