Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Зоран Петковски за Вардарфанс:Момците покажаа и докажаа дека се вистинската иднина за Вардар.
Зоран Петковски за Вардарфанс:Момците покажаа и докажаа дека се вистинската иднина за Вардар.

Зоран Петковски за Вардарфанс:Момците покажаа и докажаа дека се вистинската иднина за Вардар.

Кадетската екипа на Рк Вардар беше учесник на турнир “Трофеј Белград“,каде во конкуренција на 16 екипи го освоија одличното трето место.

Момците на Зоран Петковски ги остварија следниве резултати:

1.Раднички Обреновац-Вардар 5:25
2.Београд-Вардар 15:18
3.Вардар-Сингелиќ 27:13
4.Вардар-Земун 18:18 ( на пенали 21:22)

За трето место: Стари град-Вардар 9:19

-Презадоволни сме што имавме можност да играме против нашите врсници од Србија.Прикажаните игри ни даваат за право да размислуваме дека сме на прав пат во остварување и реален напредок на нашите ракометари од кадетскиот тим на Вардар.

Малку фалеше овие момчиња да играат во големото финале.Во полуфиналниот натпревар беа несреќно поразени на пенали од екипата на Земун.

-Иако не сакам да го коментирам судењето на турнири,сепак бевме драстично оштетени од страна на судиите,посебно на мечот со Земун,и на некој начин ни беше скратено задоволството да играме во финалето.Резултатот е во втор план,сепак кај момчињата имаше разочарување во делот каде не бевме заштитени од судиите.Тие сепак се деца и тешко се носат со неправди од ваков тип,што преставува школа за понатака во нивните кариери.

Нивниот тренер беше задоволен од прикажаното на овој турнир,и од залагањето на цела екипа.

-Тоа што во Македонија ни недостасуваат ваков тим на натпревари,овде имавме одлична компензација со противници по мерка каде момчињата покажаа и докажаа дека има материјал и се вистинска иднина за Вардар.Никого посебно не би издвоил,бидејќи оваа екипа ја краси колективниот дух и борбеноста до фанатизам,како и во спроведување на системот каде секој си има своја задача и одговорност,изјави тренерот на кадетите на Рк Вардар Зоран Петковски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски

30.12.2014

Leave a Reply