Во последното коло од регуларниот дел во втората лига, КК Вардар ќе одигра домашен дуел во кој влегува како лидер на табелата.
Во оваа 22.рунда, црвено-црните се домаќини на тимот на МЗТ Уни Банка, дуел ќе го одиграме во малата сала „Кале“. Натпреварот се игра утре, недела (9.април) со почеток во 17-00 часот.