Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Шест години “Вардар фанс“ , благодариме на довербата
Шест години “Вардар фанс“ ,  благодариме на довербата

Шест години “Вардар фанс“ , благодариме на довербата

user_scoped_temp_data_orca-image-1612959758102_6765243565250132037

Нашиот црвено-црн вардаров веб-сајт започна активно да функционира на македонското спортско “новинарско небо“ пред точно 6 години, во 2015 на овој ден започнавме официјално да ги промовираме нашите статии до нашите читатели. Во меѓувреме од тогаш до денес споделивме со вас нешто над 26.000 текстови за големото црвено-црно семејство.

Нашата визија вроди со плод пред 6 години, се “роди“ медиумот кој посакавме и успеавме. Се обврзавме во целост да ги следиме сите екипи што имаат име Вардар, дали станува збор за првите тимови на фудбалскиот и двата ракометни колектива, двата кошаркарски, кугларскиот, боречкиот, атлетичарскиот, пинг-понгарскиот, ватерполо тимот, па  се до сите детски категории на вардаровата школа.

Мило ни е што успеавме да си ја оствариме целта и да покриеме добар дел од настаните за кои сакавме да известуваме, особено со акцент на младите вардарци кои доаѓаат, на кој им останува иднината. Нашата мисија е за промоција на светото име “Вардар“, нашата желба е секоја црвено-црна “клетка“ да биде следена и да се известува за неа. На нашите читатели чии број рапидно расте од ден на ден, им се заблагодаруваме на читањето и посетата на нашиот и ваш сајт.
*Само на официјалната ФБ-страница сме околу 27.300 љубители на црвено-црните бои..

Ви благодариме, спортски поздрав ваш Вардар фанс.мк