Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Кадетите на Вардар домаќини на МРК Куманово
Кадетите на Вардар домаќини на МРК Куманово

Кадетите на Вардар домаќини на МРК Куманово

Во кадетската машка конкуренција викеднов ќе се игра 9.коло од сезоната 2021/2022, црвено-црните избаници на Пепи Манасков во оваа рунда се домаќини.

Кадетите на РК Вардар 1961 ќе ја пречекаат екипата на МРК Куманово во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Дуелот е закажан за задутре, сабота (12.март) со почеток во 14 часот и 30 минути. На оваа средба од кадетската група-В судии ќе бидат: Мирко Трајчевски и Александар Вукашиновски од Скопје. Ние ќе се обидеме да врземе третта победа по ред, одкако во минатите две кола ги совладавме екипите на Македонија ЃП и Металург РА.