Во градот Струга, викендов се одржа атлетска трка на пат во должина од 10км и 5км. Вардаровиот атлетичар, Петре Завировски одново беше предводник на црвено-црниот тим.
Покрај очигледниот замор акумулиран од бројните настапи оваа сезона, тој со борба до самиот крај постави резултат од 36-57 минути. Предводејки го Вардар до 3-место во екипен пласман. Вардарци беа „бронзени“ како тим на оваа трка.
Покрај Завировски за Вардар настапија и Марко Ивановски, Христифор Пејовски, Влатко Јакимоски и Ивана Кипријановска.
Вчера, трката Марко Ивановски ја заврши со резултат 38:38 минути. Христифор Пејовски со резултат 38:44 минути. Влатко Јакимоски со резултат 44:34 минути. Во женска конкуренција Ивана Кипријановска постави резултат од 49:25 минути.
Во првиот дел на сезоната Вардарци бележат исклучително добри резултати.