Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Андреј Милевски:Играта беше целосно на наша страна.

Андреј Милевски:Играта беше целосно на наша страна.

Екипата на Фк Вардар У 17 им се врати на победите,откако во меч од 8 коло од младинската лига беа подобри од екипата на Турново.Натпреварот се играше на стадионот на Локомотива,во кој црвено-црните славеа убедливо со 5:0.Головите ги постигнаа,Александар Трајчевски(2),Филип Таневски,Андреј Милевски и Дамјан Петревски.

-Честитки до играчите на Х.Турново за фер и коректниот натпревар.Мечот го отворивме со погодок од 2 минута на Александар Трајчевски,по одличната асистенција на капитенот Дејан Марковски.Играта беше целосно на наша страна.Имавме голем број на шанси,некои од нив не успеавме да ги искористиме.Пред крајот на првиот дел,Дамјан Петревски го постави конечниот резултат на првото полувреме,со погодок со глава.На полувреме тренерот направи три измени во нападот.Со мојот гол и погодокот на Таневски само го зголемивме резултатот во наша корист,ни изјави Андреј Милевски за Вардарфанс.мк.

03.11.2014

Звонко Ивановски

Leave a Reply