Нашиот атлетичар Петре Завировски забележа уште еден добар настап, овој пат на првенството во крос кантри на Армијата на Република Македонија.
.
Во спортскиот центар Хиподром беше вистински празник на атлетиката. Свое учество земаа околу 150 припадници на Армијата на Република Македонија како и професионални атлетичари од атлетските клубови. Настанот беше збогатен со присуство на врвни спортсти како Дарио Ивановски, професорот Мирослав Бошковиќ како и претставници на атлетската федерација на Македонија Дејан Ангеловски и Јованче Јанковски. Што се однесува до настапот на нашиот атлетичар Петре Завировски кој боите на Вардар одново ѓи бранеше со антологискиот дрес на ФК Вардар. Овој пат патеката долга 8км ја мина за 30-28 минути и со ова ја затвори својата 12-та професионална сезона на која настапи на 17 трки. Ова е 3-та најуспешна сезона на Завировски.
.
Единствено подобри резултати бележеше во 2014 год и 2016 год. Оваа сезона е како увертира не следната во која можеме да очекуваме уште подобри настапи на Завировски. Неофицијално имаме информации дека се во тек преговори за соработа за следната сезона со докажани имиња во спортот и атлетиката со кои кариерата на вардарецот би одела драстично во нагорна линија.