Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лидерот, ЖРК Вардар гостува кај Астибо во Штип
Лидерот, ЖРК Вардар гостува кај Астибо во Штип

Лидерот, ЖРК Вардар гостува кај Астибо во Штип

По паузата поради ЕХФ неделата кај дамите продолжуваат дуелите во сениорската ракометна лига. ЖРК Вардар, лидерот на Групата-Б во оваа 11.рунда гостува во Штип.

Црвено-црните дами, задутре (сабота, 04.12.21) ќе одиграат средба кај тимот кој прва сезона е дел од сениорската конкуренција, екипата на ЖРК Астибо. Вардарки се фавориот против штипјанки, на првата средба во „Јане Сандански“ ние победивме со резултат 38:25. Утрешната средба е закажана со почеток во 12-00 часот во салата „Тошо Арсов“  – Штип.