Saturday ,27 November 2021
Последни:
Home > Uncategorized > ЖКК Вардар испадна од плеј-офот по поразот од Баскет кам

ЖКК Вардар испадна од плеј-офот по поразот од Баскет кам

zkk

Освојувачот на Купот убедливо го совлада Вардар (97:56) и со (2-0) ја затвори полуфиналната серија. Екипата на Баскет КАМ од Македонска Каменица е првиот финалист на овогодинешниот Плеј-оф во женска конкуренција.

Актуелниот освојувач на Купот, за кратко време уште еднаш бешше пресилен за екипата на Вардар. Во својата сала „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, победија со повеќе од убедливи (97:56), доволно да дојдат до (2-0) во полуфиналната серија на плеј-офот, и да „влезат“ во големото финале каде ќе го нападнат и вториот трофеј во сезоната, оној шампионскиот.

Кој ќе им биде противник во финалето, веројатно ќе биде познато по одигрувањето на вечерашниот дуел (од 18.часот), во кој екипата на Бадел 1862 има предност од (1-0) во серијата со Крива Паланка. И евентуален триумф во овој дуел, ќе ги промовира во финалисти на плеј-офот за сезоната 2020/2021.