Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Циндриќ: Не беше лесна одлука да се напушти Вардар, мечот со нив ми донесе посебно чувство
Циндриќ: Не беше лесна одлука да се напушти Вардар, мечот со нив ми донесе посебно чувство

Циндриќ: Не беше лесна одлука да се напушти Вардар, мечот со нив ми донесе посебно чувство

Хрватскиот репрезентативец и екс играч на Вардар, Лука Циндриќ со осум погодоци беше најдобар стрелец на  Келце во  победа против Вардар. Полскиот тим победи со 31-27, што беше прв пораз на избраниците на Парондо во ЕХФ Лигата на шампионите  сезонава. Лука вели дека да се игра против Вардар било посебно:

Чувството да се игра против поранешниот тим беше посебно, но и мотивирачки делуваше врз мене. Поминав три прекрасни години во Вардар, ја освоив таму ЛШ и се уште имам добри пријатели во Скопје. Не беше лесна одлуката да се напушти Вардар, но сфатив дека ми треба нов предизвик. Промената не беше голема. Иако е различен јазик и различен град, сепак се друго е скоро исто. Дури и системот на игра е тој горе-доле. Околу заминувањето во ПСЖ, Не ги коментирав тие шпекулации тогаш кога се појавија, а нема ни сега. Јас сум сега во Келце и фокусиран сум на работата, среќен сум што сум овде- вели Циндриќ.