Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > КК Вардар М15 денес брка пехар, распоред за дуелите на Ф-4
КК Вардар М15 денес брка пехар, распоред за дуелите на Ф-4

КК Вардар М15 денес брка пехар, распоред за дуелите на Ф-4

Овој викенд ќе ги добиеме државните прваци во уште две младински лиги. Онаа главната во женска конкуренција, односно во М18 лигата, како и победникот во М15 лигата во машкиот сегмент.

Четирите најдобри екипи во М18 лигата, Шкупи, Струга 2009, Крива Паланка и Бадел 1862 ќе се соберат во СРЦ „Кале“, каде од 15. часот почнуваат полуфиналните пресметки.

Во првата ќе се сретнат екипите на Шкупи и на Струга 2009, додека од 17.30 часот, на распоредот е полуфиналниот меч помеѓу екипите на Крива Паланка и Бадел 1862.

*Екипите кои се натпреваруваат во М15 лигата, оние четири најдобри пак ќе играат на завршниот турнир во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода.

До полуфиналето дојдоа екипите на Дино Баскет која од 15.часот, за место во финалето, ќе се бори со Партизан Водно Санс, односно Вардар и МЗТ Скопје Аеродром кои ќе го играат вториот полуфинален натпревар кој е закажан од 17. часот.

Ден подоцна, на 20. јуни (недела), во истите термини се предвидени и натпреварите за пласман, односно за трето место и големото фианле кое ќе го даде новиот државен првак во оваа возрасна категорија.

ФИНАЛЕН ТУРНИР – М18 ЛИГА-ЖЕНИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ – 19.ЈУНИ

15.00: Шкупи – Струга 2009 (А)

17.30: Крива Паланка – Бадел 1862 (Б)

ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ – 20.ЈУНИ

ЗА ТРЕТО МЕСТО

17.30: поразен А – поразен Б

ФИНАЛЕ

19.30: победник А – победник Б

*Натпреварите се играат во салата на СРЦ „Кале“

ФИНАЛЕН ТУРНИР – М15 ЛИГА-МАЖИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ – 19.ЈУНИ

15.00: Дино Баскет – Партизан Водно Санс (А)

17.00: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром (Б)

ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ – 20.ЈУНИ

ЗА ТРЕТО МЕСТО

15.00: поразен А – поразен Б

ФИНАЛЕ

17.00: победник А – победник Б

*Натпреварите се играат во салата „Независна Македонија“