Свој роденден прославува играчот на Кугларскиот клуб “Вардар“, младиот куглар Георг Поп-Крстев. Ова момче од веќе четири сезони е дел од нашиот црвено-црн кугларски колектив. Неговата љубов кон Вардар му дава сила и елан, а судбината му „мести“ големи улоги за трофеите. Кога го освојувавме Купот беше важна алка и поентираше за „златен медал“, сезонава играше повторно фантастично, баш во дербито за пехар тој на дуелот со Макпетрол беше „ударната игла“ пред која се скрши дводецениската доминација на „пумпашите“.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ГЕОРГ