Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Одбојка: „Вардарки“ импресивни на стартот на сезоната
Одбојка: „Вардарки“ импресивни на стартот на сезоната

Одбојка: „Вардарки“ импресивни на стартот на сезоната

Одбојкарките на Вардар во голем стил ја стартуваа новата сезона, триумфирајќи со 0-3 во градската пресметка против Јанта Волеј, на мечот што го игравме на гостински терен во салата во Кисела Вода. Првите средби на нашиот тим беа одложени поради коронавирусот, „црвено-црните“ ниту денеска не беа комплетни, но тоа не им пречеше да одиграат перфектен меч и заслужено да стигнат до убедлив триумф.

Разликата во квалитет беше очигледна уште од самиот старт, па Вардар лесно и убедливо го доби првиот сет со 16-26. Јанта Волеј посериозно се спротивстави само во вториот сет што „црвено-црните“ го добија со 22-25, за во третиот период „вардарки“ целосно да доминираат и да слават со убедливи 14-25.

Најдобар поединец на натпреварот беше нашиот техничар Ивана Пејовска, која извонредно ги разигра сите одбојкарки на Вардар, за беспрекорно издание во нападот и почетен триумф во новата сезона.