Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Кадетите на Вардар со победа над ФК Скопје
Кадетите на Вардар со победа над ФК Скопје

Кадетите на Вардар со победа над ФК Скопје

Кадетите на ФК Вардар формално  денес беа гости кај ФК Скопје во дуел од 18.коло, ние гостувавме на нашиот терен Тренинг кампот во  Хиподром. Дојдовме до висока победа со резултат 0-2 (0-1)

Составот кој започна за нас е следен: Филевски Никола, Анчевски Никола,  Петровски Андреј, Јовановски Филип, Недељковиќ Лука,  Цветков Горјан,  Алексоски Андреј, Таневски Кристијан, Абаз Мануел, Здравковски Симеон и Трајковски Драган.

Вардар наметна темпо по првата судиска свирка, по дожливо време ние тргнавме агресивно на стартот со цел рано да дојдеме до водство на овој првенствен дуел. Во истото успеавме преку Анчевски Никола кој го отвори резултатот веќе во 2.минута, со неговиот гол поведовме со 1-0. Имавме прилики за удвојување на предноста во првите 45.минути на оваа кадетска средба, сепак на одмор заминавме со минимална предност од 1-0 постигната на самиот почеток на овој период.

Во вториот дел ние продолживме да доминираме и да имаме посед на топката, атакувајќи на удвојување на предноста. По 9.минути фудбал топката дојде до Петровски Андреј  кој во 54.минута стрелаше за предност од 2-0 на вардарци. Веќе со овој втор погодок ги имавме обезбедено трите бода на средбата. До крајот успеавме да ја зачуваме предноста и да прокнижиме победа и три бода.

Во вториот дел во игра  кај нас влегоа Андеј ДанстакМиноски Леонид,  Тренкоски Бојан,  Блажевски Филип и Славев Мартин.