Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на ЖРК Вардар нема да се борат за пехар, Куманово не фрли во очај
Младинките на ЖРК Вардар нема да се  борат за пехар,  Куманово не фрли во очај

Младинките на ЖРК Вардар нема да се борат за пехар, Куманово не фрли во очај

ЖРК Вардар не обезбеди финале на младинскиот завршен турнир во Куманово, бевме поразени од домаќинот со 27-26, со пресврт во дуел во кој перманентно водевме.

Натпреварот во салата „Перо Наков“  започна со наше водство од два гола, ние поведовме со 1-3 на стартот. Куманово се обидуваше да фати приклучок, беа постојано блиску па во последнте 10.минути од полувремето влеговме само со минимална позитива од еден гол, 9-10. Успеавме да врземе два гола Стефаноска и Миновска погодија па поведовме веќе во 22.минута со комотни три гола, 9-12 и полека почнавме да го контолираме дуелот. Во 27.минута прв пат поведовме и со четири гола (10-14) непогрешлива од линијата од 7.метра беше пикерот Дамјаноска Катерина. Со серија 3-1 домаќинот ја преполови нашата предност и на одмор заминавме само два позитива, односно со резултат 13-15 за црвено-црните младинки.

Одлично го отворивме вториот дел, имавме подобра игра од ривалот, противникот неможеше да ни се спортистави на стартот. Успеавме да отидеме на пет гола позитива, 19-24 во 41.минута со голот на Радевска Бојана од крило. Како да неможеме без драми, им дозволивме со серија 5-1 да дојдат на 24-25 и да имаат напад за реми, среќа за нас беше што на голот Трајкоска Јована фантастично одбрани, тоа во напад го награди Стефаноска Сара и дојдовме до 24-26, воедно избегнавме изедначување на 8.минути до крајот. Дозволивме пад и изедначување 26-26, така завршија 60.минути и остана за изведување удар од 9.метра на домаќинот. Несватливо примивме гол и бевме поразени со 27-26.

Дамјаноска имаше 5 гола, Костовиќ и Коцева Бојана дадоа по 4.погодока. Трајкоска имаше 8.одбрани.