Во женската Втората лига се одигра дербито меѓу ЖОК Вардар ЕМ и Македонија Макс. Двата состава имаа биланс 13-1 пред мечот. Гостинскиот тим, поуспешниот во ова дерби по ова 17-то коло ќе биде осамен на врвот.
ОК Македонија Макс на мечот кој се одигра во Спортскиот центар „Форца“ во Скопје успеа да дојде до минимална победа во сетови. Тие ги совладаа младите вардарки кои настапуват во сениорската лига со резултат 2:3.
Во женската втора лига до крајот има само едно коло до крајот на првиот натпреварувачки сегмент. По него, најдобрите четири состави ќе одиграат дополнителни шест рунди (секој со секого дома и на гости) за да го одредат директниот патник во најсилната конкуренција,но и второпласираниот којшто преку бараж со Пелистер волеј ќе добие шанса да влезе во Првата лига наредната сезона.