Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Кирил Лазаров ќе биде селектор на Македонија
Кирил Лазаров ќе биде селектор на Македонија

Кирил Лазаров ќе биде селектор на Македонија

Легендата на мак.ракометот, големиот Кирил Лазаров ќе биде нов селектор на македонската ракометна репрезентација. Она што јавноста го очекуваше, првиот човек на македонскиот ракомет, Живко Мукаетов денеска го потврди на официјална прес-конференција. Новиот кормилар  првично ќе добие една година на кормилото на националниот тим, па потоа откако ќе добие Мастер Коуч лиценца, ќе добие уште 4 годиншна соработка со РФМ.

Се заблагодарам на претседателот на РФМ и УО без никакво размислување го прифатив овој голем предизвик за мене. Никогаш не сум ја одбил Македонија, така беше и сега. Не чека голема одгорворност и една успешна работа. Бидејќи секогаш сме во активна сезона, со претседателот на ракометната федерација разговоравме доста овој период, имаме слични размислувања, што се однесува до мојот струќен тим, се уште сум во преговори со стручни лица. Заклучивме со претседателот се заклучивме дека јас би бил активен и како играч и следната година бидејќи таа година не чекаат големи битки на кои треба да одговориме квалитетно, направивме стратегија и заклучивме дека треба да го задржиме континуитетот на големите натпреварувања, значи учество на ЕП следната година, како и учество на СП-изјави Лазаров.