Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > КК Вардар М16 совладан во 1/2-финалето од Работнички
КК Вардар М16 совладан во 1/2-финалето од Работнички

КК Вардар М16 совладан во 1/2-финалето од Работнички

Екипата на Работнички ќе игра во финалето на М16 лигата во машка конкуренција откако во првиот полуфинален меч на завршниот турнир во Скопје, извојува победа против Вардар со сигурни (97:85).

„Црвено-белите“ имаа постојано водство, во целиот тек на ова полуфинале се покажаа како подобар ривал од „домаќинот“ (натпреварот се играше во салата на КК Вардар, екипа која во финишот успеа да ја сведе негативата на пристојна.

Во мечот за златните одличја „центарци“ ќе го чекаат подобриот од вториот полуфинален меч, кој е во тек, а во кој се среќаваат екипите на Феникс 2010 и МЗТ Скопје Аеродром.