Македонскиот селектор и координатор на женските репрезентации, Љубомир Савевски ги одреди имињата на тренерите со кои ќе соработува. Тој го комплетираше својот стручен штаб.
Јулијана Црвенкоска, која во моментов е тренер на Металург, ќе биде негов асистент. Помошник на Савевски и кондициски тренер ќе биде и Аце Станковски, кој ја започна сезонава во РК Скопје, од каде премина Вардар Неготино, каде што е прв тренер. Станковски има големо искство и со женската екипа на Вардар. Тања Андреева останува задолжена за работа со голманите.
Назначените тројца тренери заедно со Савевски летово ќе имаат задача со кадетската и младинската селекција, кои ги очекуваат ЕХФ Шампионатите.