Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Кошарка: Вардар утре гостуваат кај Карпош Соколи во уште еден дуел клучен за врвот во 2.лига
Кошарка: Вардар утре гостуваат кај Карпош Соколи во уште еден дуел клучен за врвот во 2.лига

Кошарка: Вардар утре гостуваат кај Карпош Соколи во уште еден дуел клучен за врвот во 2.лига

На програмата во втората кошаркарска лига викендов е 12.коло или второто пролетно, во истото нашиот КК Вардар е гостин. Ние гостуваме  кај тимот на КК Карпош Соколи во уште еден дуел клучен за врвот на табелата во втората по квалитет кошаркарска машка конкуренција во земјава.

Дуелот на програмата е утре, недела, 11-ти март, истиот е закажан со почеток во 20-00 часот.  Овој дуел е важен за врвот на табелата, ние дојдовме до истиот по победата во минатото коло. Во малата сала “Кале“ на првиот пролетен дуел  како домаќини бевме подобри од дирекниот ривал за првата позиција тимот на КК Водњански Лисици од Скопје. Црвено-црните момци успеаа во ова дерби од втората лига да дојдат до победа со резултат 92-76. Ние сме сега први со 19.бода колку што има и екипата на Водњански Лисици, тимот од Карпош има два бода помалку, 17.