Нашиот атлетичар, Петре Завировски продолжува со одличните настапи. Има инзворедна сезона зад себе. Викендов, Гевгелија ја собра целата атлетска елита од Македонија. Имавме и изедначување на националниот рекорд на 10км на пат од страна на Дарио Ивановски.
Нашиот, Петре Завировски го продолжи својот континуитет и истрча одлично. Од прв до последен километар Александар Кираџиев го диктираше ритамот и успеа да го извади максимумот од нашиот атлетичар. Патеката долга 10км овој пат Завировски ја мина за 37-21 минути. Овој резултат одново е во рамките во кои трча Завировски оваа сезона.
Вардарецот истрча 6 трки на 10км оваа сезона. Негов најдобар резултат е 36-48, а најслабиот е 37-25, одличен континуитет. Оваа сезона полека привршува. Најверојатно Завировски ќе одработи уште неколку трки и потоа ќе започне подготовки за новата сезона која вообичаено ја стартува кон средината на февруари. Се надеваме на уште подобри резултати следната сезона.