Согласно календарот за атлетски натпревари Атлетската федерација на Македонија во Сабота 17-ти aприл со почеток во 10-00 часот на Националната Арена „Филип Втори Македонски“ ќе го организира националното првенство на Македонија на 10.000 метри.
Со ова продолжува сезоната за Завировски, кој потврди дека ќе настапи на националното првенство на Македонија на 10.000 метри. На најдолгата стадионска трка, Завировски има личен рекорд од 35:47 постигнат во септеври 2014 година. Да потсетиме вардарецот оваа сезона има два настапи. Бележеше одлични резултати на АРМ на 5км 17:53 и на меморијалниот крос Методи Веновски-Мето на 4км 14:15. Периодов вардаровиот атлетичар тренира одлично со својот тренер Тони Насковски, неговата форма е добра можеме да очекуваме уште еден добар настап.