Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Завировски: “Подготвен сум за полумаратонот во Битола”
Завировски: “Подготвен сум за полумаратонот во Битола”

Завировски: “Подготвен сум за полумаратонот во Битола”

На 12 септември во Битола ќе се оддржи атлетската манифестација „Трчај Бе“. На програмата се 3 дисциплини. 5км, 10км и полумаратонот 21км.

Во склоп на полумаратонската трка ќе се оддржи и балканското првенство во полумаратон. Тоа значи дека исклучително силни атлетичари од земјите членки на балканската федерација која брои 22 земји ќе застанат на стартната линија. Натпреварот ќе се оддржи под строги протоколи. Односо право на учество имаат само натпреварувачи кои имаат примено 1 или 2 дози вакцина за ковид 19. Прележани до 45 дена. Организаторите на настанот успејаа да издејствуваат да може да се настапи со негативен PCR тест не постар од 72 часа.

Нашиот, Петре Завировски остаува да направи PCR тест на помалку од 72 часа од трката и со тоа да го обезбеди своето место на стартната линија. Вардарецот периодов тренира одлично неговата форма е добра. Тоа го покажа на АРМ трката каде застана на победничкиот подиум. Да потсетме најдобар резултат на 21.097км на Завировски е 1-17-10 истрчан 2016 година во Подгорица