Monday ,02 December 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Пом.пионери одиграа реми Брегалница
Пом.пионери одиграа реми Брегалница

Пом.пионери одиграа реми Брегалница

Помладите пионери на ФК Вардар денес одиграа првенствен дуел на домашен терен, на оваа средба гостин ни беше тимот од Штип, екипата на ФК Брегалница. Одигравме реми 1-1 (1-10, иако имавме шанса за победа во вториот дел од пенал се задоволивме со поделба на бодовите на овој дуел.

276013534_10221144778471266_7843964467544653306_n

Тренерот Јанев го започна мечот со следниот состав: Краљевски Максим, Николов Михаил, Ајетовиќ Нуман, Порчу Димитар, Танчев Михаил, Величковски Андреј, Гаштаров Матеј, Николовски Марко, Цониќ Максим, Миовски Александар и Јанкоски Драган.

276011082_10221144772231110_477212959806849455_n

Првиот дел започна со резервирана игра на двете страни, за црвено-црните помлади пионери два обида за погодок имаше Величковски Андреј. Иако ние имавме повеќе од играта во поле, прв поведе тимот од Штип. Екипата на Брегалница искористи едно наше невнимание и поведе со 0-1, во 21.минута од оваа средба. Голема шанса за погодок имаше Гаштаров Матеј, кој само ја здрма пречката од голот на ривалот. Бевме ориентирани на офанзива, со удар од дистанца се обиде и Величковски, тој удар заврши над гредата. Во 41.минута бевме во пробив од десната страна, противникот направи фаул на 25.метра одкосо, крај аут линијата. Мајсторски слободен удар изведе Ајетовиќ Нуман, тој погоди во спротивниот агол за 1-1 во 42.минута, резултат со кој се замина на одмор.

276255450_10221144776111207_2333792623171373756_n 276125557_10221144777031230_4706565045117735281_n 276043630_10221144776471216_3158189973728493077_n 276084856_10221144772991129_3889624270428430280_n

Во вториот дел тргнавме да направиме целосен пресврт на оваа средба, тренерот Јанев уфрли три нови играчи во поле, во 61.минута влезе Анастасов Матеј, а пет минути по него Цековски Давид, на 10.минути пред крај се обидовме со фрлување Брзаковски Ангел. Имавме многу повеќе од играта во поле, се заканувавме, но за жал не погодовме. Најпрвин две шанси имаше Гаштаров Матеј, за жал тие удари не завршија во мрежата на сино-белите од Штип. Најголемата прилика ја пропушти стрелецот на единствениот гол, Ајетовиќ Нуман кој изведе пенал. Кога нема да погодиш од 11.метра, ремито е исход со кој треба да бидеме задоволни на оваа средба од Супер лигата за помлади пионери.

275700745_10221144779751298_2180658459748816165_n 275903342_10221144780111307_4668416788211192392_n