Пионерите на ФК Вардар, денес на домашен терен ја пречекаа екипата на ФК Бегалница од Штип. Црвено-црните избраници на Саше Божиноски , беа поразени со резултат 1-5.
.
Вардар започна со овие 11 играчи: Апостоловски Илија, Фидановски Зоран, Кулуковски Влатко, Јакимовски Лука, Кузмановски Михаил, Сековски Дарко, Митревски Матеј, Трајчевски Александар, Цикарски Дамјан, Спасиќ Тино и Бундалески Максим.
.
Двата тима имаа свој периоди на почетокот на оваа средба, момците на Божиноски се обидуваа и успеаа да воспостават контрола на средината на теренот. Атакуваме на водство, истото дојде во 20.минута. Топката дојде до Спасиќ Тино, кој успеа да погоди за водство со 1-0, кое подоцна ќе се покаже како клучно за овој прв период, на одмор заминавме со минимално водство над сино-белите од Штип.
.
Божиноски на почетокот од вториот дел освежи со две нови имиња, на голот го уфрли, Филевски Никола и Уневски Никола во поле. Покрај нив во игра влегоа и Ристовски Стефан и Папазов Димитар. Противникот во вториот период доминираше, погоди дури пет пати. За гостинот стрелаа Величков Стојанчо (57′, 64′, 66′), Аџијев Марио (74′) и Мандак Еди (80′).