Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар триумфално кај К.Паланка
ЖКК Вардар триумфално кај К.Паланка

ЖКК Вардар триумфално кај К.Паланка

ЖКК Вардар вчера гостуваше кај тимот на Крива Планка во истоимениот град, девојките на Ашаданов Александар ја оправдаа фаворитската улога и дојдоа до победа со резултат 58-64.

По првите 10.минути имавме речиси двојно повеќе поена, истата ја добивме со резултат 11-20.  Во втората успеавме да додадеме пет поена на предноста за 14.плус, на одмор помеѓу двата периода во салата „Бранители 2001“ стоеше 27-41 за црвено-црните дами. Во 27.минута домашниот тим намали на само 8.поена (42-50), Деловска со одлична асистенција исфри од ритам еден чувар, асистираше до Наков која погоди 3ка и повторно почнавме да се одлепуваме. Се олабавивме во последниот период, но не дозволивме да биде загрозена нашата победа, триумфиравме со резултат 58-64.