Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Пионерите со убедливи 4-0 против Њу Старс
Пионерите со убедливи 4-0 против Њу Старс

Пионерите со убедливи 4-0 против Њу Старс

Пионерите на ФК Вардар беа домаќини на Њу Старс на денешниот лигашки дуел. На оваа средба која се одигра во „Хиподром“ ние победивме со високи 4-0 (2-0)

278728390_10221271270873497_2122722417379459071_n

Тренерот Божиноски започна со овој состав: Апостоловски Илија,Трајчевски Александар, Фидановски Зоран,  Бундалески Максим, Кулуковски Влатко, Јакимовски Лука, Спасиќ Тино, Кузмановски Михаил,Уневски Никола Сековски Дарко и  Ристовски Стефан. 

278566371_10221271270593490_1292506762640116443_n

Тргнавме офанзивно по првата судиска свирка, атакувавме на противничката мрежа од самиот почеток. Најпрвин шанса за нас имаше Фидановски Зоран. Веќе во втората сериозна прилика ние дојдовме до водство на оваа средба, топката беше кај Уневски Никола  кој асистираше до Фидановски Зоран кој беше непогрешлив. Со неговиот погодок поведовме со 1-0 во 12.минута  од оваа средба. По голот атакувавме на удвојување на предноста, прилика за црвено-црните пионери имаше  Уневски Никола. Успеавме и во тоа преку Кузмановски Михаил кој стрелаше за 2-0 во 29.минута резултат кој се покажа како конечен за првите 45.минути.

278509795_10221271270033476_3347028186066925451_n

278372572_10221271269873472_2225641395337951543_n

Во вториот дел влеговме со иста мотивација, бевме подобар тим во поле, Божиноски направи измени и освежи тоа додатно го дигна ритамот. Во вторите 45.минути погодивме уште два пати и ја удвоивме предноста од првиот период. Играчот кој денес многу работеше во поле, Уневски Никола во  65.минута донесе високи 3-0. Имавме прилики и по овој гол за нова радост. Последниот гол во овој период дојде во предпоследната минута, во 89.минута преку Папазов Димитар зголемивме на 4-0, резултат кој се покажа како конечен за оваа средба.

1

Во игра влегоа: Димовски Кирил,  Папазов Димитар,  Радевски Филип, Туша Агрон, Николовски Матеј и Рамани Хадис .

2